Македонија
Владата: Професорот Георгиев си дозволи да пласира политички пораки што немаат врска со реалноста
Сметаме дека со тонот, инсинуациите и моментот избран да се пласираат невистини професорот Ванчо Георгиев си дозволи да го компромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки, кои немаат никаква врска со реалноста и работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, велат во официјално соопштение од Владата, откога професорот денеска поднесе оставка од историската комисија.
Од Владата исто така информираат дека само пред една недела професорот Георгиев со слободна волја потпишал договор за продолжување на својот ангажман како член на комисијата.
Во соопштението исто така категорично се отфрла каква било инсинуација дека имало какво било влијание за одлуката на професорот да го прекине својот ангажман.
„Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на комисијата, секој член на нашиот дел од комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество“, нагласуваат од Владата и додаваат дека ја почитуваат одлуката на професорот и му се заблагодаруваат за неговиот досегашен ангажман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

