Македонија
Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев
На денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев делегација на Владата положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Делегација на Владата, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 147 години од неговото раѓање.
„Со овој чин Владата на Република Македонија им се придружи на настаните со кои денеска граѓаните на нашата држава оддаваат почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, предводник во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите. Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска за единство и сплотеност во политичките предизвици, и со искрена и максимална вклученост на сите општествени чинители и граѓани“, соопштија од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

