Македонија
„Влен“: Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку на натпреварот во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани?
„Продолжува деструктивното однесување на ДУИ. Од вчера во обидите да предизвикаат етнички тензии Артан Груби и неговата клика го злоупотребија ФФМ, на чие чело стои Мухамед Сејдини. Целта на криминализираното раководство на ДУИ е да се обиде да се спаси од кривична одговорност за масовна политичка корупција и да го зачува имотот стекнат со грабеж на албанскиот народ“, велат од ВЛЕН.
„Наместо да се прават невини, ДУИ веднаш да одговорат: Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу ФК Брера и ФК Шкендија, во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани? Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале Албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти? На што се’ е подготвен Артан “Беливук”?“, прашуваат од ВЛЕН.
Од таму апелираат до Албанците „да не наседнуваат на овие провокации“.
„ДУИ не ги штити симболите на Албанскиот национален идентитет туку го погани светото албанско знаме со стравот од одговорност за корупциските афери како Соравија, коцкарските бизниси и апашките тендери. Наша должност е да ја предупредиме јавноста и да ја гарантираме безбедноста на граѓаните. Политиката мора да биде надвор од спортот. Навивачките групи на Албанските спортски клубови се важен сегмент од спортскиот дух на општеството. Затоа, ги повикуваме во наредниот период да бидат особено внимателни да не бидат вовлечени во сценаријата на Недемократската унија за дезинтеграција“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.
Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

