Македонија
„Влен“ до ДУИ: Повикајте го Артан од црната листа како експерт за ослободување на државата
Коалицијата „Влен“ реагира на обвинувањата од ДУИ дека државата со новата власт е заробена.
По тој повод од „Влен“ велат дека ваквото обвинување е најголемиот апсурд на деценијата.
„Станува збор за партијата што го претвори судството во подружница на ДУИ, каде што одлуките не се носеа во судници, туку во партиски канцеларии. И сега овие професори за корупција ја обвинуваат власта за заробување на државата.
Заробувањето на државата се појави како концепт во извештајот на Прибе за да се опише владата на Груевски – Ахмети, влада што протера илјадници Албанци од земјата, со многубројни политички монтирани случаи и неправди.
Заробувањето на правдата од нив може да ја прикажеме со имиња – Џелал Бајрами, Барлет Џафери, синот на Талат Џафери, Иџет Мемети и многу други.
Како може Обвинителството на Ислам Абази да даде став за ослободување на осудените на 27 април и во исто време нон грата ДУИ, а да нè обвинува за заробување на државата?! Кому му прават црн хумор овие?!
Затоа, предлагаме нон грата на ДУИ да го повикаат најновиот жител на црната листа, Артан Груби, како експерт за ослободување на државата.
ДУИ нон грата не се навикнати на добро владеење, па многу лошо ја доживуваат ПРОМЕНАТА. Вие што на вашиот грб ја имате трагедијата на модуларната болница во Тетово, а уште имате лице за неосновани обвинувања. Вие што ја пополнувате американската црна листа, вие што ги срамите Албанците. Нон грата партијата нема што да ѝ понуди на албанската политичка сцена, освен црна и деструктивна политика. Вие сте дел од црната историја на Албанците.
Партијата нон грата, ДУИ, освен во конкуренција за криминал, во ништо друго не може да конкурира за првото место. Коалицијата „Влен“ најавува дека нема да има компромис со оние што се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

