Македонија
Влен: Еднаквата застапеност, нова надеж за сите
По децении празни ветувања, одложувања и манипулации, вчера беше историски ден за еднаквоста и правдата во Северна Македонија. Владата го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, фундаментален акт што гарантира уставното спроведување на принципот на правична застапеност во државните институции, велат од коалицијата Влен.
Според нив, овој закон претставува конкретен и обврзувачки чекор кој за прв пат воспоставува јасна и извршителна нормативна основа за уставниот принцип на соодветна застапеност.
„Преку овој закон се создава извршниот механизам кој ќе го надгледува и обезбедува ефикасното и одговорно спроведување на принципот на застапеност. За само една година владеење, го постигнавме она што не беше реализирано 24 години по Охридскиот рамковен договор. Создадовме силна основа за унапредување на застапеноста во вистинскиот пат, пат кон еднаквост, достоинство и правда за сите заедници. Оние кои се против овој закон се истите оние кои со текот на годините ја деградираа застапеноста и ги оставија граѓаните жртва на манипулации и неправда. Ова не е само политичко прашање, туку одговорност кон иднината на државата и нејзините граѓани. Убедени сме дека граѓаните ќе ја ценат оваа промена и ќе застанат зад законот што носи еднаквост и достоинство за сите“, велат од Влен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

