Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска во време на криза остава 100 луѓе без работа, скопјани на последното место за неа
Тие луѓе кои ги брка Арсовска имаа деца на училиште, студенти, кредити, болни родители. Арсовска не води грижа за тие 100 семејства кои сега ќе мислат како ќе го преживеат месецот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска наместо проекти и дела, за кои скопјани ја дадоа довербата почна со бркање на луѓе од работа, тоа не е начинот на кој што треба да функционира градот.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од вработените кои ги брка Арсовска од работа се наследени од претходната структура во ЈП Водовод, кои Перински ги наследил. Сите тие со труд си ја заработувале платата, за сега прва одлука на Арсовска да биде нивно бркање од работа, со нејзиниот принцип „Од утре да те нема“ додека градот се полни со роднини, пријатели и соработници на Арсовска.
ЈП Водовод со тие вработени и со Перински како директор оваа година ја зголемиле наплатата за 1 милион евра. Тоа се пари кои сега Арсовска ќе ги троши.
ЈП Водовод има потреба од кадарот што го отупшта Арсовска, но тоа не ја спречува да спроведува само себе познати агенди.
Арсовска да се надмине себе, и да почне да делува и работи како градоначалник на скопјани, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.
Македонија
Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово
Вчера на улицата ,,Киро Ристовски-Дрнц” и на улица „Маршал Тито” во Тетово биле оштетени билборди и рекламни паноа од парламентарните избори од една политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.
Македонија
Демократски сојуз предлага платите на полицајците да бидат колку оние на обвинителите и судиите
Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.
Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, како што велат од патијата, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.
„Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари“, додаваат од партијата на Павле Трајанов.
Предлагаат двојно зголемување на платите на полицијата и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.