Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Аудиоснимка покажува скандалозен однос на Џафери кон вработени во Собранието
Непријатно сме изненадени од примитивизмот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцовки ги малтретира вработените во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на аудиоснимка од настанот објавена од партијата.
„Односот на Џафери кој може да се слушне во видеоматеријалот е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.
Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“, се наведува во партиската реакција.
Според опозициската партија, Талат Џафери е пример за политичар кој треба да биде минато.
„Оваа аудиоснимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени избори час поскоро“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

