Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да поведе постапка против Сугарески и Талески
ВМРО-ДПМНЕ побара од Обвинителството да поведе кривична постапка против Горан Сугарески и Миле Талески поради видеото, во кое, како што велат од ВМРО, двајцата барале од вработени во државната администрација како надомест за нивното вработување да агитираат за претседателската кампања на Пендаровски.
„ЈО треба веднаш да постапи по допрен глас и да поведе кривична постапка. Очекуваме ЈО да поведе постапка во согласност со законот и да поднесе кривична пријава против Сугарески во согласност со чл. 353 од КЗ. Дополнително, ја повикуваме антикорупциската да постапи во согласност со чл. 40 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите, кој јасно забранува на лица што вршат државни функции да влијаат при вработувања. Доколку институциите ја немаат слушнато аудиоснимката, ние го испраќаме линкот од неа, која е објавена на ‘Јутјуб’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека доколку институциите не се охрабрат и не поведат постапки против Сугарески и Талески, против нив ќе бидат поведени постапки со враќањето на правната држава во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред присутните, истакнувајќи ја важноста на отчетноста и реализираните проекти во изминатите четири години.
„Честта е огромна да се присуствува на политичкиот саем кој е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последните четири години. Тоа за нас претставува и одговорна одговорност, затоа што не бегаме од сите наши решенија, од целата наша работа и од проектите кои ги направивме изминатите четири години“, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека вредноста на една личност не се состои од зборовите, туку од делата, не од памфлетите, туку од енергијата вложена за постигнување на успех.
„Образот и честта се најскапата работа која може да се задржи и за која нема манипулации, лажења ниту неискрен однос. Поважно од сè е стоечки исправено со гордо крената глава да кажеме дека поминавме низ еден тежок период, каде во исто време ги вадевме општините од бездната во која беа, последно долгогодишно запоставување, и решававме проблеми на граѓаните“, рече Мицкоски.
Тој истакна дека во текот на тие четири години, три години секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата работел со централна Влада која немала слух и имала други приоритети, кои не вклучувале локалните проблеми на граѓаните.
„Програмата која ја ветивме, во најголем дел, вие ја остваривте“, потенцира Мицкоски во обраќањето на Саем-Отчет.
На настанот присутните имаа можност да видат и детални прикази на проекти и реализирани активности на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изминатите четири години, како дел од транспарентноста и отчетноста пред граѓаните.
Скопје
Дел од Кеј 13-ти Ноември останува без водоснабдување

Поради дефект на водоводна цевка, дел од корисниците на Кеј 13-ти Ноември, од хотел „Холидеј ин“ до Камениот мост, ќе останат без вода од 13:00 часот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека траат работните активности за отстранување на дефектот. Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека трае интервенцијата.
Македонија
„Храброста на нашите колеги е пример за идните генерации“, порачаа од ЕБР на Денот на Единицата

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска одбележува 24 години од своето формирање, а припадниците на оваа единица потсетија дека не ги забораваат своите колеги кои го дале животот за безбедноста и мирот на Македонија.
„Додека денес го одбележуваме Денот на Единицата за брзо распоредување и им оддаваме почит на храброста, посветеноста и професионализмот на припадниците на оваа единица, не смееме да ги заборавиме сите оние кои го дадоа својот живот за безбедноста и мирот на нашата татковина“, порачаа од ЕБР преку социјалните мрежи.
Тие додадоа дека жртвата на нивните колеги претставува темел на слободата, а нивната храброст е пример за идните генерации.
„Вечна им слава и почит“, завршуваат од ЕБР во пораката по повод јубилејот.