Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори по победата над СДСМ за советници во Тетово
ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на првичните резултати од изборите за советници во општина Тетово.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски треба да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш.
„Само предвремени парламентарни избори се решение. СДСМ и ДУИ владеат без поддршка од народот, и работат само за себе и своите криминални дилови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука порачаа дека Ковачевски треба веднаш да си даде оставка, оти ден поминат на власт, ќе биде илјадници гласа минус за него на наредните избори.
„Народот е јасен, Ковачевски нема легитимитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир
Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.
Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици, извести МВР.
Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, додава МВР.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Демир Капија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 11.10.2024 година, во 10 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Скопје
Со инклузивна детска претстава Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа беше дел од одбележувањето на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела. Во МКЦ, во организација на Општина Кисела Вода, Здружението на деца и родители со церебрална парализа, заедно со децата од Детскиот алтернативен театар „Мали, а, големи“, пред преполна сала, се одигра инклузивната детска претстава „Малиот принц“.
-Денес сме тука заедно да го одбележиме Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела, на еден навистина посебен начин – со инклузивната театарска претстава „Малиот принц“. Оваа претстава е доказ дека инклузивноста не е само збор, туку вредност која ние како општина ја негуваме и применуваме преку конкретни проекти. Денес на оваа сцена ќе видиме како децата од Здружението на деца и родители со церебрална парализа, заедно со децата од Детскиот алтернативен театар „Мали, а, големи“, ни го претставуваат светот на пријателството, љубовта и храброста.
Преку овој настан јасно се гледа дека сите деца, без разлика на нивните предизвици, имаат еднакви можности да ги покажат своите таленти и да учествуваат во општествените активности. Со секој ваков проект ја намалуваме маргинализацијата и го отвораме патот за поинклузивно и поправедно општество.
Во Општина Кисела Вода, инклузивноста е приоритет во секој сегмент од нашата работа. Со бројни проекти покажавме дека секое дете заслужува шанса да сонува, создава и учествува, без пречки и ограничувања. Оваа претстава е само еден од многуте примери каде нашата општина стои цврсто зад идејата за еднаквост и поддршка за сите.
Ве уверувам дека со вакви и слични проекти ќе продолжиме да ги отвораме вратите за сите деца и да создаваме средина каде сите се прифатени и вреднувани за тоа што се. Благодарам на сите кои го поддржаа овој прекрасен проект и на сите деца учесници кои ќе ни ја пренесат магијата на театарот, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето излагање пред присутните.