Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Без главата на октоподот, правдата за „Рекет“ нема да биде задоволена
Без да биде изведена на обвинителна клупа главата на октоподот, правдата нема да биде задоволена во случајот „Рекет“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Доколку највисоките владини функционери бидат амнестирани за овој мега политичко-медиумско-обвинителски коруптивен скандал, нагласува ВМРО-ДПМНЕ, тогаш е јасно дека органите на прогонот и судската власт се ставаат во заштита на криминалот.
„Нема човек во земјава на кого не му е јасно дека Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец или Катица Јанева немале капацитет само да ја смислат целата рекетарска шема, а уште помалку имале моќ да ја реализираат. Јасно е како бел ден дека највисоките структури на власта стојат зад нивниот пријател Боки 13, со кого имаа редовни фотосесии.
Со Зоран Заев на власт Македонија стана препознатлива по криминал, корупција и рекет. Аферата ‘Рекет’ е најголемиот криминален случај во независна Македонија. Аферата ‘Рекет’ е доказ за криминогеноста на Зоран Заев и власта. Таа е потврда за спрегата помеѓу судството, обвинителството и власта“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата додава дека со месеци се развлекувало приведувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец, за кои во обвинителството имало фото и видеодокументирани докази, но не постапило сè додека снимките не беа објавени во медиумите.
„Беше потребно јавноста од странски медиум да ја слушне Катица Јанева како ветува слобода на обвинет во предмет од СЈО за и таа да се најде зад решетки. Медиумите изнесоа бројни детали, а социјалните мрежи зовреа за на крај ЈО да ја повика Фросина Ременски. Се губеа и уништуваа телефони и исчезнуваа торби Луј Витон полни со евра. Развлекувањето на случајот ‘Рекет’ е апсолутен доказ дека Зоран Заев е главата на октоподот, а ЈО, судот и органите на системот се само неговите пипци“, додава ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, ефикасна разрешница на „Рекет“ не може да има сè додека Зоран Заев е на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

