Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата да намали со трошењата за да има пари за повисоки плати на вработените во образованието
Во услови на галопирачки раст на трошоците за живот, легитимни се барањата на вработените во образованието, науката и културата за повисоки плати. Дотолку повеќе што во согласност со колективните договори тие треба да добијат нивелирање на платите и не смее да добиваат примања што се малку повисоки од минималната плата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Потценување на интелигенцијата на граѓаните е образложението на Владата администрирана од Ковачевски дека нема пари и дека покачувањето на нивните плати ќе предизвика инфлација ако се има предвид дека Владата изминатиот период потроши милиони евра на набавки на цвеќиња, ф’стаци, позлатен прибор, службени возила или за криминални тендери, студии и семинарски трудови.
Граѓаните се соочуваат со огромен пораст на трошоците за живот. Инфлацијата само во март е 8,8 %, за една година цената на горивата се зголеми 70 %, на струјата 30 %, на парното 15 %, на лебот 110 %, а на сите други основни продукти е зголемена 30-50 %.
Владата треба да скрати од непродуктивните трошења и да ги прекине криминалните шеми и така ќе има пари за повисоки плати на граѓаните што чесно работат и едвај врзуваат крај со крај, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

