Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и Ковачевски континуирано работат на штета на граѓаните
Катастрофалното и расипничко работење на Владата на СДС и Димитар Ковачевски резултира со ново поскапување на цените, овој пат на услугите на Агенцијата за катастар на недвижностите. Во време кога државата има инфлација од 20 проценти, цените на сите прехранбени производи се до плафон, сиромаштијата е сè поголема, граѓаните ќе плаќаат и до 500 проценти повисоки цели за услугите од Агенцијата за катастар на недвижностите. Или изразено во пари тоа би изгледало вака, ако до сега една услуга за изработка на геодетски елаборат чинела 750 денари, сега ќе чини дури 1.552 денара; ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега со новите покачувања ќе чини 1.200 денари или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега ќе чини 250, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Владата на СДС удира по џебот на граѓаните и поради неспособност да менаџира со кризите, ги зголемува цените. Згора на тоа, СДС ја претвори државата во своја приватна сопственост за спроведување матни бизнис-зделки и лично богатење. Имено, директорот на ЈП „Железници“, Хари Локвенец, дава тендер за геодетски услуги на фирмата на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастарот, Борис Тунџев, во вредност од 40.000 евра. Од една страна, Туџев ги зголемува цените, а од друга, неговата сопруга добива пари за геодетски услуги од ЈП „Железници“, претпријатие што е пред колапс.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС ги користат државните институции како алатка за испумпување државни пари, а државата и граѓаните тонат во беда и сиромаштија. И ова не е единствен ваков случај, има многу случаи во кои народните пари завршуваат во џебовите на високи владини функционери. Повеќе од очигледно е дека наместо концепт на транспарентност и отчетност, Владата спроведува концепт на крадење и лажење.
Владата на СДС и Ковачевски континуирано работат на штета на граѓаните. И токму затоа потребни се промени и избори што побргу. Доаѓа време на одговорност, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
105 години Филозофски факултет значат повеќе од еден век умствен и духовен раст, традиција, научна извонредност и општествено созревање. Тоа е наследство што мора да го чуваме и да го негуваме. Верувам дека оваа институција и понатаму ќе биде водилка на општествената и на хуманистичката мисла, бранител на критичноста и чувар на академската слобода, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на свечената академија со која високообразовната установа го одбележа големиот јубилеј.
„Факултетот не придонесува во развојот на државата само преку образованието и науката, туку и преку својата силна стратешка улога во креирањето на националните политики. Тука се раѓале концепти и научни согледувања што го обликувале образовниот систем, културните политики, социјалните институции и многу од современите професионални практики во државата. И во овој период, Филозофскиот факултет е активно вклучен во изработката на клучни национални стратегии“, рече Јаневска изразувајќи благодарност до сите поранешни и активни професори, истражувачи и вработени на факултетот за нивната посветеност, научен придонес и визија за општеството.

Министерката потенцираше дека иако по однос на неколку теми за време на нејзиниот мандат, ставовите на МОН и факултетот се разликувале, токму таквите јавни дискусии доведуваат до креирање на најдобрите решенија за обезбедување на поквалитетно национално образование. Очекува, како што рече, Филозофскиот факултет да остане меѓу најсилните партнери на државата кои отвораат пат кон нови образовни подвизи.
Јаневска изрази уверување дека буџетот за образование ќе продолжи да се зголемува, а со тоа ќе се зголемува и поддршката за развој на високото образование и науката.
„Држава која вложува во високото образование вложува во сопствената иднина – ја јакне својата конкурентност, го унапредува демократскиот капацитет и го поттикнува општествениот развој. Продолжуваме да креираме политики што обезбедуваат автономија, дигитализирани процеси, подобра научна инфраструктура и поддршка за младите истражувачи“, рече министерката.

Освен Јаневска, на свечената академија се обратија и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески кои се согласија дека академскиот простор мора да остане место каде знаењето се претвора во визија, а визијата во општествена вредност.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла

