Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги игнорира легитимните барања на просветните работници и враќа со притисоци и понижувања
Власта на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги понижуваат вработените во образованието. Еднаш тоа го прават со притисоците, заканите и заплашувањата, а од друга страна ги игнорираат нивните барања за покачувања на платите согласно колективен договор, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека оправдани и легитимни се барањата за повисоки плати на просветарите. Покачувањето на платите кое го нуди владата не може да се покрие ни два дена пазарење од продавниците. Инфлацијата само во месец март достигна до 8,8%, маслото за јадење е поскапено 100%, лебот 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% и сите останати основни животни трошоци.
И сега кога наставниците, негувателките и професорите бараат повисоки плати власта на СДСМ и ДУИ им велат дека немало пари, а во исто време милиони евра завршуваат на криминални физибилити студии, за кафиња, цвеќиња, ф’стаци и хотелски услуги. Криминалците од власта не сакаат да се откажат од парите кои може да ги трошат за своите удопства, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

