Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со изборот за амбасадори власта ги навредува и земјите во кои ги праќа, но и сопствените граѓани
Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека на листата со скандалозни одлуки за именувања, на кои веќе се наоѓаат ТВ-презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов.
Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови.
Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот што се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави Општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори за вработувања, оваа Влада го предлага да ги застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ.
Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и на Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата, освен партиско-политички функции, немаат никаква заслуга за Македонија ниту, пак, капацитет за да бидат назначувани на вакви значајни позиции.
СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и, за жал, создава скандал-дипломатија, која ја срами Македонија каде што ќе стигне, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

