Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги објави записниците од лани: „Вјоса Османи двапати кршела процедури, а МВР молчело“
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира дека е голема разликата сега и во времето на СДСМ и ДУИ, со оглед на тоа што во случајот со инцидентот на скопскиот аеродром поднесена е кривична пријава за обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Од партијата откриваат дека во два наврати за време на претходната Влада, косовската претседателка, Вјоса Османи, кршела процедури и протоколи, а МВР молчело.
„Еве делови од записникот: ‘По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер’, се наведува во записникот од 16 се септември 2023 година.
Истата ситуација се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврди дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателката не треба да се проверува.
„Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785) (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот. Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот“, се наведува во записникот од дата 9 октомври 2023 година. Тогаш МВР молчело, а СДС и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите.
ВМРО-ДПМНЕ на крајот додава: СДС со чаршав соопштенијата си пука во слепоочницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

