Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка од СДС пијан тепал полицаец, Ковачевски да го повика да си даде оставка
Граѓаните со градоначалниците на СДС, наместо проекти, добиваат насилство и закани. Имено, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, наместо да создава подобри услови за живеење на граѓаните, тој тепа и напаѓа свои сограѓани на улици, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека градоначалникот Сашко Митовски на 14 јануари во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаква причина. А по инцидентот, биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство за да ја повлечат пријавата против градоначалникот Митовски.
Уште пострашно е тоа што овој невиден скандал СДС се обиде да го забошоти наместо веднаш да побара оставка и одговорност од нивниот сопартиец. По сторениот скандал, градоначалникот Митовски не е достоен на функцијата што ја има како градоначалник, тој веднаш треба да си поднесе оставка.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова не е само обично насилство бидејќи е направено од човек што ја користи моќта што му ја дава функцијата за да ги напаѓа своите сограѓани.
СДС и нивниот сопартиец Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не се плаши на шерифскиот начина на однесување и од заканувањето на СДС, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

