Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено

Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат. Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде што најмногу се инвестира. За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС речиси немаат ништо сработено, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека 1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација. И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.
Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.
Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце е делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце. Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС.
Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола, за жал се уште имаме активни два краци, едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер“, соопшти Ангелов.
Тој најави повеќе информации во текот на денот.
Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.