Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните живеат полошо од пред една година

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, а Република Македонија тоне во корупција, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава.
„Македонија под власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција. Економијата стагнира кога на целиот континент е во пораст. Цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ да управува со економијата. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев ја урнисаа македонската економија. Нула проценти раст на БДП во 2017 година, 20 проценти пад на градежништвото“, се вели во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат додаваат дека додека економијата тоне, Македонија се обидува да ја дефокусира јавноста со креирани политички случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)