Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Груби го добива „аудито“ осум дена откога фирмата што му го дава купи хотел на Шапка по багателна цена
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Јавното Обвинителството да отвори постапка, бидејќи вицепремиерот Атран Груби го добил Аудито осум дена откако фирмата која му го дала купила хотел на Шапка по багателна цена.
„Смешни се изговорите на Груби дека Аудито му е дадено на услуга. Нема човек што верува дека некој би купил возило од 80.000 евра и би му го дал на користење на Груби, само затоа што му е пријател.
Која е економската логика на тој што го купува возилото? Дали можеби ќарот е во против услуга од страна на Груби и во што се состои таа?
Груби ја навредува интелегенцијата на граѓаните, но и се подбива со институциите како ЈО кои не смеат да му отворат истрага.
Очевиден е сомнежот за корупција особено кога се знае дека фирмата која го купува Аудито 8 дена пред да му го даде на Груби го купува хотелот на една градежна компанија на Шапка за 55.000 евра, по што истата таа градежна компанија добива милионски тендер од државата.
ЈО не смее да молчи за очигледната корупција на Груби, која и деца од шкоска возраст можат да ја препознаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

