Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска е најдоброто за градот, на Скопје му треба способен менаџер
Данела Арсовска е најдоброто за градот, на Скопје му треба способен менаџер, Шилегов е минато, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Арсовска е успешна жена претприемач, Шилегов е успешен во местење тендери. Арсовска е натпартиски кандидат и ќе биде градоначалник на сите граѓани, Шилегов е градоначалник и се залага само за интересот на тесна клика околу него.
Данела Арсовска е личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена што го предводи Сојузот на стопанските комори на Македонија. Работи како меѓународен експерт, кој ги креира политиките за интегритет за лидерите на земјите од Г20.
Арсовска е една од само четири жени во светот во раководството на Светската федерација на коморите како единствен форум што раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет.
Наспроти Данела Арсовска е Петре Шилегов, кој за едно противпожарно возило какво што во Загреб е купено за 800.000 евра плаќа 1.700.000 евра. Шилегов, кој потроши 12,5 милиони евра од продажбата на градската куќа, а никој не знае на што. Шилегов, кој вети и ненаправи тунел под Калето и продолжување на булеварот Илинден. Шилегов, кој нема ниту 20 % реализација на програмата.
Изборот е помеѓу неспособност и компетентност, помеѓу ароганцијата на Петре и транспарентноста на Данела.
Време е за промени. Време е за напредок“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.
Македонија
Слаб снег провејува на Попова Шапка, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој во моментов не се здржува на коловозот, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно време со дожд и ветер, на планините снег – МЕТЕО за следните денови
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени, јавува УХМР.
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

