Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Да се продолжи рокот на комисијата за Онкологија, или власта ќе потврди дека е дел од канцер мафијата
Власта на СДС и ДУИ ако сака да излезе на виделина вистината за Онкологија, треба да го поддржи продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија, во спротивно само ќе потврди дека се дел од канцер мафијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности. Истите можат да придонесат до конечно утврдување на прекршување на правните норми како основ за утврдување на политичка одговорност.
Дополнително, минатата недела беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија. Од истите може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за владеење на канцер мафијата, а за истите мора да има истрага и одговорност.
Новите сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнуваат потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на Комисијата. Оттука Комисијата треба да продолжи со работа дополнителни 30 дена во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите.
Меѓудругото, Извештајот од вонредниот надзор кој беше објавен минатата недела јасно укажа дека „на нарачките кон добавувачите може јасно да се види цената по која се набавуваат (набавна тендерска), која најчесто е повисока од одобрената со согласност од ФЗО“, како и дека „на пресметките кон Фондот за здравствено осигурување за овие лекови во најголем процент – цената која се фактурира заедно со пакет е повисока од одобрената со согласноста од 15.02.2023“.
Доколку власта предводена од СДС и ДУИ сака да излезе на виделина што точно се случувало на Онкологија треба да го поддржи предлогот за продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија. Во спротивно само ќе потврдат дека се дел од канцер мафијата.
Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

