Македонија
ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција бара да се изврши притисок за екстрадиција на Бошкоски и Грујевски
Членовите на ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција се вчудовидени од молкот, леснотијата и волунтаризмот со кои политичката и судската власт во државата се однесуваат кон случајот со пребегнатите Горан Грујевски и Никола Бошковски.
„Одбивањето на екстрадицијата на обвинетите поранешни високи функционери во МВР од страна на Врховниот суд на Грција и неговото толкување на поништената аболиција (патем се работи за аболиција заснована на укинат член од Законот) е дрско мешање во внатрешните работи на правниот и политичкиот систем на Република Македонија. Дополнително нè зачудува фактот што највисоките политичките власти на нашата држава во име на духот на доброседските односи со нашиот јужен сосед и зајакнатата доверба досега јавно не протестираа на одлуката на грчкиот Врховен суд и не побараа меѓународна поддршка за испорачување на клучите играчи во процесот на досега незапаметеното кршење на човековите права на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението.
Според нив, се работи за обвинети личности кои учествувале во масовно прекршување на човековите права и функционери кои имале пристап до голем број државни тајни. „Дополнително, страшни и сè позагрижувачки се информациите и индициите дека Врховниот суд на Груција одлуката за неекстрадиција ја донел поради отстапениот голем број прислушувани разговори и други државни тајни од страна на обвинетите. Со овој чин загрозени се сигурноста и безбедноста на голем број македонски граѓани и на македонската држава, при што повеќе од 20 000 прислушувани граѓани на Република Македонија во иднина можат да бидат лесна цел на грчките безбедносни и разузнавачки служби.
Со овој чин, неекстрадираните обвинети македонски граѓани сториле тешки кривични дела против државата („шпионажа“, „загрозување на независноста“, „саботажа“, „оддавање државна тајна“ и др.) и ОЈО е должно против нив, како и против нивните соучесници и помагатели во дејствијата да покрене нови кривични постапки. Неразбирливо е како досега сè уште на слобода се луѓето кои им помогнале да избегаат, почнувајќи од Врховните судиите кои им ја укинаа мерката притвор, оние кои биле логистика пред и за време на бегството како и нивните сегашни финансиски помагатели кои им се добро познати на јавноста и органите на прогонот“, се додава во соопштението.
„Господине претседателе Иванов, господине премиер Заев, господине претседател на Собрането, Џафери, господа членови на Судскиот совет и останати надлежни органи доколу не го подигнете свој глас и не преземете сериозна акција за враќање на обвинетите злосторници и предавици во Македонија, доколку не извршите јавен притисок на надлежните органи да постапат согласно со Уставот и законите, доколку не бидат казнети сите оние кои свесно или несвесно направиле пропуст во овој случај (вклучувајќи ве и лично вас посочените), сите ќе ве сметаме за соучесници во веќе отпочнатата постапка за разградување на правосудниот систем на државата и кога-тогаш ќе мора да се соочите со правдата“, велат од ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

