Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот протестен марш во Кавадарци е одлична шанса народот да му каже НЕ на Заев
СДСМ и Зоран Заев го штитат криминалот, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните на кои оваа ненародна власт единствено им донесе чемер и јад, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема правда за малолетникот кој за влакно и побегна на смртта откако беше крвнички избоден со нож среде бел ден во Центарот на Скопје. Нема правда бидејќи двајца од сторителите за делото поминаа речиси неказнети, а третото лице исчезна во текот на истражната постапка. Со ова СДСМ уште еднаш докажа дека за некои во Македонија законите не важат. Чиј пријател или роднина е третото лице кое исчезна се уште не се знае.
Правдата не ги стигна ниту сторителите на грозоморното убиство на Никола Саздовски кој беше кукавички претепан на автобуска постројка. Власта го крие третиот напаѓач, на Саздо како што го криеше третиот напаѓач на прободениот малолетник.
Роднините и родителите на младиот Мартин Јанушев уште чекаат Спасовски да ги изведе неговите убијци пред лицето на правдата како и десетици други кои изминатата година дена ги загубија своите животи или пак беа брутално нападнати, откако СДСМ ја превзеде власта во Македонија.
Овие млади луѓе се жртви на концесиите на Заев кон криминалното подземје и неговата коалиција со криминалот во државата. Родителите се плашат за животите на своите деца, граѓаните се исплашени, а СДСМ дополнително ја влоши безбедносната состојба на граѓаните откако на улиците пушти 800 криминалци.
Во состојба на страв и агонија кај граѓаните, Заев не губи време и непоштедно ги распродава македонските национални интереси. Заев својата неспособност ја прикажува како победа, а на не поминати недела дена од смртта на Саздо, прави прослава за најголемиот историски пораз за Македонија во модерната историја.
Заев се откажа од се што е македонско, иако се колнеше во своите деца дека нема никогаш да го направи тоа. Се откажа од името, јазикот, идентитетот, историјата и културата, од Македонците во соседството, а за возврат не доби ништо. Нема покана за старт на преговорите со ЕУ, нема покана за НАТО.
Време е народот да си ја врати државата и да му каже едно големо не на овој ненароден картел на власт. Одлична шанса сите сплотено на Заев да му кажеме дека Македонија ќе победи е денешниот протестен марш во Кавадарци кој ќе започне во 13 часот кај кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да му кажат на Зоран Заев и СДСМ дека Македонија се буди и дека Македонија ќе победи“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

