Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Хациенда дивоградба од 160 м2 се поврзува со Груби, Обвинителството сериозно да се позанимава со овој човек
Артан Груби бега од одговори за најновиот скандал во кој е вмешан. Имено, се работи за хациенда дивоградба од 160 м2, која без одобрение и без соодветни документи почнал да ја гради неговиот братучед во Бутел, а според нервозата на Артан Груби, не би нè зачудило и самиот тој да стои зад овој нелегален објект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека од страна на Општината сопрена е изградбата на овој објект и соодветно е постапувано со цел да се спроведе законот. Еден криминал е сопрен, а тој криминал тесно се врзува со Артан Груби. Фатен во тесно Груби веднаш посега по етничка карта, веднаш почнува со лаги и манипулации, но тоа не поминува. И Македонците и Албанците и сите други го прочитаа веќе. На тие приказни никој не им верува. Сите го видоа лицето на Груби, видоа дека се работи за човек што ги злоупотребува чувствата на Албанците исто толку често колку што ја злоупотребува и позицијата на власт.
На скандалите и сомнежите за криминал со кои се поврзува Артан Груби им нема број, но мора да им се стави крај. Обвинителството треба сериозно да се позанимава со работата на овој човек затоа што ако сме правна држава, ваквите ликови како Артан Груби дебело одговараат пред институциите на системот, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.
Македонија
Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово
Вчера на улицата ,,Киро Ристовски-Дрнц” и на улица „Маршал Тито” во Тетово биле оштетени билборди и рекламни паноа од парламентарните избори од една политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.
Македонија
Демократски сојуз предлага платите на полицајците да бидат колку оние на обвинителите и судиите
Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.
Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, како што велат од патијата, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.
„Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари“, додаваат од партијата на Павле Трајанов.
Предлагаат двојно зголемување на платите на полицијата и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.