Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: До каде е истрагата за двајцата владини функционери фатени во корупција?
„СДСМ може да лаже, но не може да ја излаже јавноста. Селективноста на правдата кога се работи за функционерите на СДСМ се гледа на секој чекор. Почнувајќи од случаите за корупција за кои е осомничен Зоран Заев, па се до набавката на возила во МВР. Очигледно дека СДСМ си ја има мувата на капата, па на пресот упатен до Јавното обвинителство, тие се најдоа повикани да одговорат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изјавата на Александар Нацев.
Според партијата, кога веќе трошеле зборови во празни и безлични соопштенија требало да одговорат до каде е истрагата со двајцата владини функционери фатени во корупција, обзнането лично од Зоран Заев пред 5 месеци? „Од каде кај соработникот на Оливер Спасовски информации за посебните истражни мерки? Кој му ги дал? Дали и кога ќе се покрене обвинение за скандалозната набавка на возила во МВР каде без тендер се доделиле милион евра на фирма од Куманово која е партиски донатор на СДСМ, за што впрочем пишуваа медиумите? Ова се очигледни скандали за кои СДСМ молчи, а институциите кои тие ги претворија во партиска маша се прават дека не ги гледаат“, велат од опозициската партија.
Од партијата додаваат дека криминалот и корупцијата стануваат заштитен знак на оваа власт. Тоа го гледаат и граѓаните, но тоа го нотираат и на листата на Транспаренси Интернешнл. Ова се дела кои не застаруваат и за кои многу скоро некој ќе сноси одговорност, како политичка, така и кривична.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево, -12 во Пожаране, -11 во Крива Паланка, -10 Ѓуриште, Берово, -9 Тополчани, Битола, Прилеп, Охрид, -8 Виница, Претор, Тетово, Струмица, -7 Скопје-Петровец, -6 Штип, Демир Капија, -5 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Велес, -1 Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 26 сантиметри на Попова Шапка, 15 Крушево, 5 Ѓуриште, 2 Тетово и Берово.
Времето денеска
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.

