Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до 11 јануари ќе објави оглас за кандидати за претседател на државата
Најдоцна до 11 јануари 2019 година ВМРО-ДПМНЕ ќе објави оглас на кој што согласно законот ќе можат да се пријават сите граѓани кои ќе ја очекуваат и бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори.
Партијата денеска одржа седница на Извршниот комитет на која било разговарано за актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија како и за активностите за избор на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори. Изборната конвенција, пак, ќе се одржи на 16 февруари 2019 година.
„Практично денеска донесовме заклучок на седницата на Извршниот комитет кој што подоцна ќе биде презентиран пред Централниот комитет и од кој што ќе бараме поддршка, а тоа е дека најдоцна до 11 јануари 2019 година ќе биде објавен оглас на кој што согласно законот ќе можат сите граѓани на Република Македонија да поднесат кандидатура, оние граѓани кои ќе ја очекуваат и бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори“, изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Огласот ќе трае десетина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати, а потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното образложување на визијата како иден претседател на Република Македонија, за политиките кои што ќе ги водат во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, средби со граѓани и така натаму, а потоа на 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат.
Мицкоски рече дека очекува сериозна победа на претседателските избори која што ќе ја отпочне победата на следните предвремени парламентарни избори во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

