Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Државните функционери на СДСМ местат тендери, а народот трпи

Народот трпи, а државните функционери на СДСМ местат тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозицијата оценува дека е скандалозно што во услови на вонредна состојба и светска пандемија функционерите на СДСМ да се занимаваат со доделување тендери на луѓе блиски до нив наместо да се грижат за здравјето на граѓаните и подобрување на економската состојба.
„Ниту епидемијата на опасниот коронавирус не ја спречи криминалната банда на СДСМ во четири очи како единствен понудувач да ѝ додели тендер на фирмата ‘Алпима градба тим’ ДООЕЛ Струмица од ЈП ‘Дрисла’ и Шилегов во висина над 12 милиони денари, односно над 200.000 евра. Се поставува прашањето дали зад тендерскиот скандал со ‘Дрисла’ има и роднинска спрега? Дали е точно дека братучед на генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски, го добил тендерот од 12 милиони денари, а оној што го доделил, пак, е братучед на неговата сопруга?
Одговор на прашањето дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека се повторува транзицијата кога илјадници граѓани останаа на улица, а олигарсите на СДСМ ги наполнија џебовите со парите на народот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Владата да ги објави сметките од гозбите во рестораните

Шокантен е одговорот на Владата по вчерашното објавување на сметките од над 30.000 евра што владините министри ги изеле и испиле во неколку ресторани во Скопје. Според Владата, тоа биле сметки од бифињата на министерствата, а не сметки за ручеци на министрите, велат од СДСМ.
Според партијата, прашањето е – колку вработени тоа јаделе и пиеле на државна сметка?
„Или станува збор само за министрите и кабинетите на министрите? Дали покрај тие трошоци, министрите правеле и ручеци во рестораните кои ги снабдуваат бифињата во министерствата? Колкав е тој вкупен трошок?“, велат од СДСМ.
Опозициската партија бара Владата итно да ги објави фактурите, деталните сметки кои ги поседува, за да се утврди дали и кои вработени направиле десетици илјади евра сметка за храна – или, пак, овие трошоци се направени од министрите по кафеаните.
„ВМРО-ДПМНЕ целосно се одлепи од реалноста. Откако потрошија 35.000 евра на манго и папаја, сега трошат по рестораните за ручеци и гозби. Ако се чесни – нека излезат во јавноста со детални сметки“, бара СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е доследен на Заев и во предавствата

Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија, велат од ВМРО-ДПМПНЕ.
Од таму прашуваат дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?
„Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот. СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните. СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси. Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ. Предавствата, виткањето кичма и коленичењето се синоним за СДС додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат. Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС. Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето, Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии има само лукративен интерес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче, велат од таму, исто како и Заев е попустлив и витка кичма во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот.
„На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Субвенции за струја за ранливи домаќинства: Обработени 745 апликации, следи исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Досега се пристигнати и првично прегледани вкупно 745 апликации од двете категории корисници:
· За домаќинства со деца со попреченост, пристигнати се 488 апликации, од кои 344 ја имаат доставено потребната документација, а 144 се одбиени по различни основи.
· За згрижувачки семејства, пристигнати се 257 апликации, од кои 110 се со уредна документација, а 102 се одбиени.
Комисијата која ја спроведува постапката веќе е во завршна фаза на разгледување и на останатите апликации, по што ќе следува дополнителна проверка на податоците со УЈП, Министерството за труд и социјална политика и ЕВН Хоум.
„Очекуваме во јуни 2025 година да бидат објавени конечните списоци за двете категории на домаќинства, по што ќе отпочне исплатата на субвенциите. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, секое домаќинство кое ги исполнува критериумите ќе добие субвенција од 1.000 денари месечно за покривање на дел од трошоците за електрична енергија, во траење од 12 месеци“, велат од Министерството.