Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ е во паника затоа што зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат
Не знаеме што ги мотивира ДУИ да зборуваат за урбана мафија кога се зборува за одговорност на нивни функционери, но очигледно си ја бркаат мувата од капата. Ова соопштение на ДУИ е како народната поговорка – ем шуто, ем боде, реагира ВМРО-ДПМНЕ на забелешките од ДУИ.
„ДУИ е во паника зошто зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат.
Кога ДУИ зборува за урбана мафија дали заборава на зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери и Пуцко Петрол?
7 години ДУИ ја држи урбаната мафија. Нема фирма која што гради, а да не е на некој начин поврзана со ДУИ.
7 години ДУИ направи градежен хаос и во Скопје и низ државата.
ДУИ е во паника зошто нивните олигарси, како зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивну поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да дивеат како што замислувале.
Нема повеќе дивоградби на Шар Планина, ниту пак на други места.
А кога сме кај урбаната мафија нема веќе и Артан Груби да договара подизведувачи на патишта.
Одговорност за се ќе има. ДУИ се што украле од народот ќе треба да вратат. Додека тие ја оставија државата ограбена, децата и од Тетово и од Штип се иселуваа. Тоа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту народот ќе им го прости“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

