Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не бега од народот и да распише предвремени избори
Доколку Заев навистина сака да го слушне гласот на мародот, нека не бега од граѓаните и нека распише избори за да види што мислат тие за неговото двогодишно владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став во однос на предвремени парламентарни избори. Јавноста веќе подолг период очекува Зоран Заев да се охрабри и да донесе конечно одлука дали е спремен да оди на избори и да се соочи со гневот на граѓаните, гнев насобран за овие две и половина години владеење на СДСМ“, велат од опозициската партија.
За две ипол години, додаваат од таму, одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на македонската држава и сервираше порази на секое поле, го понижи и деградираше македонскиот народ, власта се откажа од сè што е македонско, од македонскиот јазик, култура, идентитет, име, историја, но и иднина.
„СДСМ го подели општеството како никогаш досега, по етничка, партиска и каква си уште не линија. Со Законот за двојазичност, се обиде непринципиелно да купи гласови, но не им успеа. Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците буквално сите сега го бараат ветениот живот, ветената просечна плата од 500 евра, враќање на младите. Но од ветувањата на СДСМ нема ни трага ни глас. Токму поради ова нема ни трага ни глас од Заев, го нема никаде да го каже својот став во однос на предвремените избори, се плаши да се соочи со гневот на граѓаните, на македонскиот народ, со последиците од црнилата кои ги остави во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

