Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ковачевски се заплеткуваат во криминална мрежа
Зоран Заев и Васко Ковачевски ги потценуваат граѓаните и се повеќе се заплеткуваат во криминалната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на премиерот.
„Зоран Заев и Васко Ковачевски се обидуваат да ја убедат јавноста дека камионите кои биле во сопственост на Тотал инжинеринг од Струмица се шверцувале во РЕК Битола. Верзијата што Зоран Заев, Вице и Ковачевски ја смислиле е дека камионите со струмички таблички и ознаки на СВ Инвест од Битола среде бел ден, незабележани од никого, влегувале во кругот на РЕК Битола, извршувале работи за комбинатот и потоа повторно незабележани од никого, си заминувале“, стои во реакцијта на опозициската партија.
Оттаму нагласуваат дека после ваквата одбрана на, како што велат, триото „Минхаузен“, нема граѓанин кој што не го интересира каде може да се најдат шофери и камиони кои ќе дојдат, ќе сработат и ќе си заминат без никаков надомест.
„Вчера Заев велеше дека немал ништо со камионите, а денес појаснува дека Вице имал механизација ама наводно ја продал. Секој ден различен став за да се сокрие вистината за криминалот. Признанието на Заев само ги потврдува сомненијата дека фирмата СВ Инвест од Битола вршела превоз на јаглен со камионите во сопственост на Тотал инжинеринг во периодот кога се направени снимките“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги повикуваат истражните органи да соберат храброст и да ги испитаат сомнителните бизниси на, како што велат, криминалниот картел во власта.
„Ваквите дела не застаруваат и доколку се обидат да ги прикријат незаконските активности, по враќањето на правната држава предметите ќе бидат повторно отворени“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

