Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ги интересираат само функциите
Опозицијата преку соопштение испратено до јавноста обвини дека премиерот Зоран Заев и СДСМ го деградираат правниот систем, интересирајќи се само за функциите, но не и за Уставот и законите.
„Законот за јазици е неуставен, неприменлив и на штета на граѓаните и државата. Одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува е единствено исправна одлука. ВМРО-ДПМНЕ апелира дека секој обид за негово објавување во службен весник и стапување на сила без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси одговорност. Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека Зоран Заев ги излажал граѓаните кога на 17-ти мај ја потпишал изјавата кај Претседателот Иванов и се обврзал дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот.
„Зоран Заев го доби мандатот благодарение на неговата гаранција дека нема да работи во спротивност со Уставниот поредок на државата и нема да го менува Уставот. Зоран Заев и СДСМ го погазија Уставот и законите, само за да ја одржат својата коалиција со ДУИ. Се што ветија, се излажаа. Само за да ја покријат оваа антидржавна политика, Заев и СДСМ монтираат политички обвиненија за тероризам, обидувајќи се да ги заплашат сите кои размислуваат поинаку и гласно се спротиставуваат на распродавањето на државните и национални интереси“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија апелира до судовите да ја согледаат фактичката состојба и доказите и да ги ослободат политички прогонетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

