Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ за само десетина дена се фатени како крадат 45 милиони евра
„Зоран Заев и СДСМ за само десетина дена се фатени како крадат 45 милиони евра, пари на граѓаните. Цели 35 милиони евра од здравство и уште 10,5 милиони од Фондот за иновации завршуваат кај партиски донатори, функционери или млади момчиња што треба да ги скријат вистинските моќници“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, компании на вицепремиерот и други функционери од власта добиваат грантови од стотици илјади евра, а Заев ги распродава националните интереси.
„Десетици милиони евра се делат на фирма формирана пред четири месеци, која како прва зделка добива тригодишен монопол во лабораториските испитувања. Министерот Филипче се колне дека не знаел каде ќе плаќа 35 милиони евра, а Заев смислува манипулации за да добие поддршка за неговото прифаќање на грчките црвени линии. Овие луѓе ни ја водат државата! Нив не ги интересираат животот и стандардот на граѓаните на Република Македонија, туку парите, тендерите, матните бизниси, профитот и личното богатење“, се вели во соопштението.
Според партијата, наместо да се приближуваме со стандардите и реформите до Европската Унија и НАТО, Македонија сè повеќе и повеќе тоне и се доближува кон земјите од третиот свет.
„Сметката за оваа неспособност, алчност и расипништво секогаш на крајот ја плаќа народот.
СДСМ загази во криминал и сите манипулации за референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментот. Додека од една страна, економски ја пустошат Република Македонија, од друга, Заев и владејачкото мнозинство со сите сили настојуваат да го реализираат штетниот и капитулантски договор со Грција. Не ги интересира ниту Уставот ниту законите, а најмалку достоинството на Македонија и македонските граѓани. Со капитулантскиот договор се бришат името Република Македонија, македонската историја, традицијата и културата, а во ниту еден случај не се гарантира македонскиот идентитет. Огромното мнозинство граѓани на Република Македонија даваат поддршка на европските и западни вредности, но не ги поддржуваат катастрофалните политики водени од Зоран Заев. Правдата и сигурноста мора да се вратат во Република Македонија. Сите оние што сега ги кршат законите и Уставот, ќе одговараат затоа што тоа е единствената и исправна работа што мора да се направи“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

