Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да падне, а Македонија да победи
Зоран Заев и картелот потпишаа капитулантски договор. Република Македонија е оштетена и понижена страна. Зоран Заев е новиот Коте од Руља. Коте Заев ветуваше дека нема да го промени Уставот, сега не само што прифатил промена на Уставот туку и со капитулантскиот договор задира во македонскиот идентитет и јазик, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонскиот идентитет и јазик се стекнато право уште во минатиот век и се загарантирани со конвенции на ОН. Коте Заев успеа и стекнатите права да ги продаде. Грчките официјални претставници сами кажуваат дека во преговорите ништо не дале, а добиле многу. Коте Заев им ги оствари максималистичките барања кои Грците не успеаја да си ги остварат ниту со Привремената спогодба во 1995 година. Секој обид за замајување и залажување на јавноста не поминува. Народот е разочаран, потиштен и излажан. Овој договор нема да донесе подобар живот. Зоран Заев мора да падне, а Македонија да победи“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

