Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи, за сега Заев да гради згради во Дубаи
Марионетата на Заев, наместениот претседател на СДС, Венко Филипче има огромна поддршка од Заев заради нивното минато, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Минатото на Заев и Филипче, за жал продолжува во сегашноста преку потрчкото на Заев, Филипче, кој сега го глуми Заев во СДС.
Заев не може да се откаже од Филипче, бидејќи тој во сегашноста му ги води политиките, а во минатото, тендерите.
Да ја потсетиме македонската јавност, дека Филипче беше фатен во „Крвави тендери’’, вредни 35 милиони евра. За среќа на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ, јавноста и медиумите го спречија ова.
Инаку, тендерот ќе завршеше во рацете на фирма со име АХР ЛАБ, која беше без корпоративна електронска пошта, односно нејзиниот меил беше жути@јаху .
Заев и Филипче треба да бидат минато на политичката сцена, а не Заев да го промовира Филипче како ново лице во СДС.
Заев и Филипче се директни виновници за сите работи заради кои тоневме како држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи веќе тоа изживување на институциите и државата.
Време е за одговорност и правда!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

