Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев пред три години го обвинуваше Бујар Османи за криминал
Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ човек кој пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави. Според стандардите на Заев, Бујар Османи, кој до пред извесно време беше криминоген, сега ќе треба да ја европеизира Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со поставувањето на Османи за шеф на преговарачкиот тим со Европската Унија.
„Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните. Инклузивноста, како демократска вредност е целосно погазена од Зоран Заев, човекот кој ветуваше дебата за сè, а сега по секоја цена уништува дури и најмала форма на дискусија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека остануваат на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно со договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

