Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец
„И тоа дочекавме. Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец. Она што зачудува е фактот што Зоран Заев и Кочо Анѓушев промовира инвестиции на компанијата Дура аутомотив Системс за која реномираниот Вол Стрит Журнал на почетокот на ноември пишуваше дека веќе банкротирала. Дали Зоран Заев и Анѓушев свесно во пресрет на изборите ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија.
„Владата на Заев имаше три години да донесе инвестиции во Македонија, а притоа да почнат самите со разговори, па да дојде до старт на производство. Резултатите од нивното работење се поразителни. Од почетокот на годината заклучно со средината на годината, нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Ова е убедливо најмалку во целиот регион. Во месеците мај, јуни дури имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. Граѓаните сеуште ги очекуваат инвестициите на Фолксваген, Фејсбук, Гугл, САНОС кои ги најави Заев.
Ова го нема, ама затоа има најавено ново задолжување во јануари со еврообврзница во износ од половина милијарда евра.Владата која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ после 12 април ќе отпочне преговори, но и ќе донесе многу други инвестиции во земјата. Нашата цел е Македонија да биде економски и технолошки тигар на Балканот, но и во Европа и таа цел ќе биде реалност после падот на оваа власт предводена од Заев. Она кое ВМРО –ДПМНЕ го нуди пред граѓаните е дека нивото на странски инвестиции и домашни инвестиции биде во вредност не помала од 4 милијарди евра во време на нашиот мандат“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

