Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност не е дел од евро-атланската перспектива
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој ја обвини опозицијата за блокирање на ЕУ и НАТО-реформите. Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека Законот за двојазичност не е дел од евро-атлантската перспектива, а нивната партија ќе остане посветена на интеграциите на Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе даде поддршка за законите што гарантираат подобар стандард и ни помагаат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Законот за двојазичност не е дел од евро-атлантската перспектива на државата и не е дел од реформите што треба да ги реализира Македонија. Веруваме и очекуваме дека СДСМ и владејачкото мнозинство, конечно, ќе се посветат на европската агенда и реформските приоритети“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава дека и високите европски претставници во повеќе наврати нагласија дека законот за двојазичност не е дел од реформскиот процес.
„ДУИ е таа што ја блокира работата на Собранието и ги попречува реформите преку условување на целокупната работа на Собранието со носењето еден закон, дури и преку обид тој да се изгласа со целосно кршење на Деловникот и законите“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Османи, говорејќи за реформите неопходни за евро-атлантските интегративни процеси, побара од ВМРО-ДПМНЕ да преземе одговорност за блокирањето на реформите, а со самото тоа и за спречување на интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

