Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За власта има мед, а за народот леб и сол
Зоран Заев ја опустоши и ограби државата за овие три години колку што е на власт. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, нема институција каде немало сомнителни милионски тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешното обраќање на Заев.
„Три години имаше заборавено на генералниот реизбор на судии и другите ветувања кои ги имаше давано од опозиција, затоа што го притискаше судот да не му пресуди за поткупот од 200.000 евра. Судиите му требаа додека вршеше разни притисоци за предмети како да бидат или да не бидат пресудени и кој да излезе од притвор или затвор.
Ги пушти осудените за убиството на 5 – те деца кај Смилковско, па еден избега, а во затвор има невини луѓе кои лежат за патриотско чувство.
Три години владее вистински режим. Режимот на Зоран Заев диктаторот од Муртино. Во чие време е сторен најтешкиот криминал, со рекетарско бандитска изнуда на над 20 милиони евра, а ниту една институција не реагирала да го заштити бизнис секторот.
Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол.
Три години ја задолжуваат државата и направија нов долг од над 900 милиони евра, пари кои ќе ги враќаат нашите деца.
Три години државата тоне, а тие ги билдаат банкарските сметки.
Ова црнило мора да заврши. Зоран Заев на 12 април си заминува од власт. По 12 април следува обнова на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

