Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Им забрани ли Радев на Ковачевски и СДС да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена помпезно ја најавуваа
„Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат. И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДС збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа? До каде е и што содржи таа Декларација? Зошто Ковачевски и СДС се уште не ја поднеле и од што се исплашија“, прашува опозициската партија.
„Уште еден неуспешен обид на владата на СДС и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција.
Ковачевски и СДС се откажаа од се што е македонско и се најголемите предавници на сопствениот народ и држава. Никој не го поддржува Ковачевски, СДС и ДУИ.
Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека нивнит став е јасен.
– Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

