Македонија
Пендаровски призна дека и претставниците на НАТО се загрижени за безбедноста на македонското небо, велат од ВМРО-ДПМНЕ
И НАТО-претставници биле загрижени за безбедноста на македонското небо, тоа е епилогот кога квазиевропските СДС и ДУИ се власт. Вчера, Стево Пендаровски јавно призна дека НАТО-претставници биле загрижени и прашувале дали е безбедно македонското небо и дека во времето на упадот во М-НАВ од страна на бандитите водени од функционер од ДУИ имало два НАТО-авиона што слетувале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта преку Стево Пендаровски отворено призна дека ја посрамотиле државата и наместо оставки веднаш и разрешувања, се чекаше речиси цела недела директорите да бидат разрешени. Очигледно е дека СДС во Владата е заложник на ДУИ и за да останат на власт, не смее да преземат ништо без дозвола, па затоа вчера уште еднаш ја посрамотија државата кога предложија директор од ДУИ, кој не ги исполнува условите, за кога се крена јавноста, да одржат уште една седница и да предложат втор директор од ДУИ. Имено, по шлаканиците и исполнетите критетиуми во М-НАВ, Владата на СДС и ДУИ имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција.
И додека ДУИ става директори по желба и тепачот кој влета во М-НАВ ќе продолжи да оди на работа, каде што се вработени сите што беа предмет на тортура, 4 од тепачите се недостапни за полицијата, а другите се дома. ДУИ ја срами државата каде што стигне затоа што СДС е нивен заложник за власт, кој мора да ги слуша и да спроведува. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

