Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше како владин повереник сомнително исплаќал народни пари на својот шура и дедо
Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општината Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, од позиција владин повереник исплаќал сомнителни трансакции на свои блиски роднини. Имено, Куртовски исплатил 1.000 евра на својот шура и 950 евра на својот дедо. Вакви скандалозни исплати се правени и во основното училиште во Скудриње. Доколку имаше правна држава уште вчера по објавата на медиумите за оваа афера, надлежните институции ќе отвореа случај за ваквите исплати. Ама институциите молчат, а парите се таманат, се вели во соопштението од ВРМО-ДПМНЕ.
Со други зборови, функционерите на СДСМ арчат народни пари без око да им трепне и ги делат на свои луѓе како да се работи за семејно наследство. Ете затоа државата и општините раководени од СДСМ се во таква финансиска состојба. Ете затоа сме на ова дереџе.
Од партијата додаваат дека народните пари ако не се поделени како хонорари, тогаш се дебели криминални тендери, ама битно во џебовите на функционерите на СДСМ. Во услови на тешка криза, 500 илјади сиромашни граѓани, колабирано стопанство, екипата на Ковачевски парите ги арчи и око не им трепнува.
Ова мора да престане. Народот ќе ја порази оваа неспособна, неодговорна и криминогена структура на СДСМ, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.