Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ветуваше 5% раст на БДП годишно, а годинава ќе завршиме со мизерни 1,8% – убедливо најлош економски резултат во регионот
Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска Банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%.
Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6% инфлација, а Светска Банка прогнозира двојно повисока.
Очигледно дека извештајот на Светска Банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. ПОразителен е фактот кој го потенцира Светската Банка, дека Македонија ќе има најнизок раст, највисок дефицит и огромна инфлација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова се резултатите од катастрофалната економска политика на ДУИ и СДС. Народот во Македонија 4 пати побрзо ќе осиромашува, затоа што кај нас цените на основните продукти се 4 пати повеќе поскапени, за разлика од растот на цените во Европа. Затоа црните прогнози за до крајот на годината велат дека над 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади лица ќе бидат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден, додаваат оттаму.
Од опозициската партија велат дека „само политичари без срам, какви што се овие во владата, на вакви економски параметри може да речат дека македонската економија блеска. За доброто на Македонија оваа власт треба да замине час поскоро. Секој ден со оваа власт стопанството ќе тоне, а народот ќе осиромашува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.
„Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Посакувам празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот.
Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата.
Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа.
Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање.
Да се радуваме што постоиме, да го цениме и да го почитуваме она што го имаме, материјалните и духовните богатства да ги споделиме со другите. Сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност, и благословена и просперитетна иднина.
Бог се јави!“, пишува во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова.

