Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе го поддржат предавството за промена на Уставот
„Ковачевски нека не ја отвора Пандорината кутија туркајќи бугарска агенда да се крие зад иницијативата за внес на други народи во Уставот. Не му е ниту до Хрватите и Евреите туку до ветувањето дадено на Бугарија за внес на Бугарите во Уставот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога веќе збори за промени на Уставот тогаш ајде да ги отвориме и останатите аспекти и прашања. Дали на Македонија ` треба граѓански Устав, дали ќе го избришеме деградирачкиот Бандитеров принцип кој наместо заштита создаде систем на протекции и неквалитет, дали е потребно да се редефинира улогата и ингеренциите на претседателот на државата?“ прашуваат од опозициската партија.
Излегоа со понуда за премиерот:
„Ако Ковачевски смета дека има мнозинство во Парламентот за уставни измени тогаш нека ги поднесе. Доколку нема треба да си поднесе оставка и да оди Македонија на нови избори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

