Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија
„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од страна на Бугарија кон Македонија. Во текот на вчерашниот ден новиот прв човек за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави нов документ за исполнување задачи за Република Македонија“, соопштуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека „не беше доволно предавството што го направија со прифаќањето на протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи што треба да ги исполни државата“.
„Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка молчат за она што се подготвува во Бугарија. Ковачевски, Османи и Маричиќ треба веднаш да одговорат што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови? Додека се обидуваа од петни жили да ја убедат македонската јавност дека со протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување“, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

