Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кого го штити Заев за случајот „Монструм“?
„Семејствата на монструозно егзекутираните момчиња кај Смилковско Езеро мора да добијат правда. Момчињата беа жртви на брутална ликвидација, терористички акт на големиот празник Великчетврток.Виновниците не смее да останат неказнети. Сторителите мора да завршат во затвор. Зоран Заев ветуваше дека ја знае вистината за случајот. Вистината не смее да потклекне пред платформата потпишана во Тирана. Само монструм би можел да штити монструми кои масакрираа млади момчиња“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, Заев пред да седне во премиерската фотелја многупати се фалеше со доказите кои ги има за случајот „Монструм“. На семејствата на убиените им прикажуваше разговори и СМС-пораки во кои обвинетите комуницираат со високи функционери на ДУИ. Од друга страна, на семејствата на обвинетите им велеше дека тие биле невини.
„Како тогаш Зоран Заев ја знаеше вистината, а сега не ја знае? Што се смени? Дали новата владина коалиција е причина за премолчување на деталите? Кого сега Зоран Заев штити? Најважно од сè, кој е одговорен за масакрот и зошто убијците не се во затвор? Фотелјата на Заев не е поважна од правдата, како што ниту неговата коалиција е поважна од прерано згаснатите животи и разрешницата што ја заслужуваат семејствата на убиените“, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Зоран Заев стана премиер тој заборави на „вистината“ и „правдата“, пароли кои го донесоа на власт. „Единствено нешто кое сега му е важно е да остане на власт. Додека СДСМ и Заев раководат со државата, правда нема да има. Заробена држава не може да биде правна држава. Држава во која Заев е и судија и обвинител не може да има правда. Во нормална држава обвинителството по допрен глас ќе го принудеше да сведочи пред судот и да ги сподели сите докази кои тој ги има за случајот ‘Монструм’. Доколку Македонија беше нормална држава, во затворите немаше да се наоѓаат политички затвореници.Правдата мора да се врати. Правдата и ќе се врати, кога Зоран Заев ќе замине од премиерската функција, а во тие моменти сите оние кои постапувале спротивно на законот и Уставот ќе бидат првите сведоци на нејзиното враќање“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

