Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски
Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката од страна на власта. Поминаа 24 часа ниту СДС, ниту Пендаровски се оградија од лицето кое на социјалните мрежи се заканува по животот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите деца, велат од опозициската партија преку соопштение.
„Токму заканувачот е јавен поддржувач на премиерот Ковачевски, а претседателот Пендаровски на тоа лице му подарил и благодарница.
Ниту МВР реагира на ваквите закани кои се израз на страв и немоќ на власта, ниту пак СДС ги осудува ваквите чинови кога во политиката се вмешуваат и малолетни деца.
Директно власта на Ковачевски стои зад ваквите ниски обиди и закани кон опозицијата. Ова е грозоморно водење на политика како обид да се затскријат криминалите на власта. На власта да и е јасно дека нема повлекување и нема отстапување од борбата против криминалот на власта и поразите кои тие и ги носат на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во прилог доставувајќи фотографии во прилог на тврдењата.
![]()

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

