Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Маските паднаа, фолирантите СДС и ДУИ го користеа хрватскиот Устав како аргумент, а кога побаравме да се примени, избегаа од него
Откако ВМРО-ДПМНЕ побара примена на хрватскиот Устав, фолирантите од СДС и ДУИ избегаа од примената на хрватскиот модел за промената на Устав иако тие го предложија, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
– По кој знае кој пат, граѓаните го видоа вистинското лице на СДС и ДУИ. Маските целосно паднаа. Иако тие самите, ДУИ и СДС, во неколку наврати изминатата година јавно кажуваа дека хрватскиот модел е прифатлив и добар за да се имплементира сега ретерираат. И самиот Димитар Ковачевски, како и Бујар Османи јавно истакнаа дека овој модел е добар, велат оттаму.
Хрватскиот Устав е Устав на земја членка на ЕУ и ги гарантира правата на сите малцинства, и ВМРО-ДПМНЕ смета дека пресликување на истиот може само да ја зацврсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

