Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија
„Стефан Богоев држеше вонредни прес конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во вредност од 92 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но денеска, после само три дена од прес конференцијата на Богоев, медиумите објавија дека истите немаат никаква вредност бидејќи биле со истечен рок, а сопственикот на истите бил починат.
Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма.
Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата му порачуваат на Богоев „наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

