Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Молк од институциите за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку ОТА, загрозена е безбедноста на над 2 милиони граѓани

Молк од надлежните институции за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку Оперативната техничка агенција. Владата на СДС и ДУИ злоуптребувајќи ги механизмите за следење на комуникациите сакаат да нарушат националната безбедност и безбедноста на над 2 милиони граѓани, соопштија денес ВМРО-ДПМНЕ.
Овој сомнеж доаѓа откако на 15-тата седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите утврди сериозен сомнеж дека Оперативно техничката агенција го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите, велат од партијата.
Имено ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите, оваа набавка е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 од истиот член од Законот за следење на комуникациите. Сомнежот е дека оваа набака може да биде злоупотребена за нарушување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, како и повреда на човековите права и слободи на граѓаните кои се утврдени во Уставот на државата. За оваа набавка на ОТА, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите преку заклучен изгласан на комисијата го извести и Јавниот обвинител, цоопшти ВМРО-ДПМНЕ.
На повидок е скандал од најголеми размери, и за тоа бараме веднаш и брза постапка од надлежните институции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.
Македонија
ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени пожарите кај Велес и Македонски брод

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот, денеска се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, 6 се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 18 се успешно изгаснати.
Од ЦУК посочуваат дека поради силен ветер повторно се разгоре пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (Општина Велес). Гори мешана нискостеблеста деградирана шума, а пламените јазици се прошируваат во неколку правци.
Ветерот, исто така, повторно го активирал и пожарот помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (Општина Македонски Брод), каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Покрај овие, активни пожари се регистрирани и на следните локации:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Желино – шумски пожар
Според последните информации, под контрола е ставен пожарот во с. Фалише, Општина Тетово, каде што гори ниска вегетација.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање“, кажа тој.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, во изјава за медимуите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени биле запалени гуми од возила.
Пламените јазици зафатија десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.