Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација
Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%! Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!
Според ВМРО-ДПМНЕ, власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра. Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра! Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа. Власта ја зголеми цената на струјата за 70% од 2020 до сега! Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари! Власта плати веќе над 200 милиони евра кон „Бехтел и Енка“, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок!
Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија! Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години! Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници! Со оваа власт довербата во судството е само 2%! Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Ахмети, Дрин ја купи „Соравија“ од 30 милиони без да вложи денар, велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиско сооопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

